Еден од најистакнатите играчи на Хрватска на Светското првенство во Русија, Домагој Вида, пет месеци по завршувањето на најголемата фудбалска смотра, откри интересна приказна, во која главен актер е Лионел Меси.
Хрватска и Аргентина партиципираа во Д-групата, а меѓусебниот дуел во второто коло, на 21.јуни, убедливо им припадна на Хрватите (3:0). Поради тоа во третата рунда, за Хрватска воопшто не беше важен дуелот со Исланд.
Од друга страна на Аргетнина и беше потребен триумф над Нигерија, но и победа на Хрватска.
Иако со резервниот тим, Хрватите го победија Исланд 2:1, со голот на перишиќ во 90.минута, а со ист резултат Аргентина славеше над Нигерија.
Во осмина-финалето покрај Хрватска успеа да се пласира и Аргентина.
„Преку Иван Ракитиќ, Меси и испрати 30 потпишани дресови. Сите во нашата репрезентација добија дрес од Меси. Беше среќен што ние одигравме добро и што ѝ помогнавме на Аргентина да се пласира во наредната рунда“, рекол Вида.
Аргентина СП го заврши во осмина-финалето, додека Хрватска го освои второто место.