Вардар и со ослабен тим стигна до 34:30 (21:10) победа на гости кај романскиот вице-шампион Стеауа Букурешт за да осигура 2018 година да ја заврши на првото место во регионалната СЕХА-лига.
„Црвено-црните“ почнаа фуриозно и направија предност од неверојатни 11 голови во првото полувреме, по што дозволија Стеауа да се врати резултатски во второто полувреме, но победата не беше под закана.
Мартин Поповски беше во топ форма со 10 постигнати голови од 12 обиди, додека девет гола додадеДмитриј Киселев. За Романците најефикасни беа Крсто Милошевиќ и Разван Рапичуга со пет гола.
Фото/Видео: СЕХА лига