Капитенот на Штутгарт, Кристијан Гентнер реши да не паузира од фудбалот и покрај смртта на неговиот татко во текот на викендот.
Херберт Гентнер почина на стадионот „Мерцедес-Бенц арена“ веднаш по 2:1 победата над Херта во текот на викендот, во која неговиот син беше асистент на победничкиот гол.
И покрај ова, Гентнер реши да ги одигра двата натпревари пред зимската паузаз во Бундеслигата – во вторник на гости кај Волфсбург и во сабота навечер дома против Шалке.
„Кристијан Гентнер е во составот за дуелот со Волфсбург. Заедно со неговите соиграчи, капитенот отпатува со тимот по тренингот во понеделникот“, се вели во соопштението на клубот.
Спортскиот директор Михаел Решке вели дека сите во тимот ќе сфателе ако Гентнер решел да паузира.
„Во ваква ситуација, секој човек реагира различно. Ние му ставивме до знаење дека ќе ја почитуваме било која одлука на Кристијан за мечевите со Волфсбург и Шалке. Ова само ја покажува неговата лична поврзаност со клубот и на семејството Гентнер со Штутгарт“, вели Решке.
Unser Kapitän Christian #Gentner gehört zum Aufgebot für #WOBVfB Zur Meldung?#VfB https://t.co/JBd1A0lUvC
— VfB Stuttgart (@VfB) December 17, 2018
Трагедија за капитенот на Штутгарт – татко му почина гледајќи го на трибините