Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп останува на мислењето дека Жозе Мурињо е „фантастичен тренер“ и го пофали за бројот на титули освоени во кариерата, откако Португалецот беше отпуштен од Манчестер јунајтед.
Последниот меч на Мурињо како прв човек на „ѓаволите“ беше токму 3:1 поразот од Ливерпул на Клоп и Германецот имаше симпатии за ривалот.
„Тој е многу конкурентен човек, многу амбициозен, неверојатно успешен и можам да замислам како последните месеци му донесоа само несреќа. Никој не може да му ги одземе работите кои ги освоил, и тој останува фантастичен менаџер“, вели Клоп.
И легендата на Ливерпул, Стивен Џерард реагираше на отпуштањето на Мурињо.
„Тој е победник. Како можам да седам тука и да зборувам лошо за него. Да, беше отпуштен од Манчестер јунајтед, но им освои две титули. Не може да го критикувате многу и ќе биде интересно да се види каде ќе одат понатаму Јунајтед“, вели Џерард.
Фото: ЕПА