Top Sport

Штухец со триумфален кам-бек на првиот женски спуст на Саслонг (видео)

Словенката Илка Штухец триумфираше на спустот во Вал Гардена за прва победа откако ја пропушти целата мината сезона, вклучувајќи ја и Олимпијадата во Пјонгчанг поради повреда.

Словенката за 0.14 секунди беше побрза од Италијанката Никол Делгадо, која е израсната во Вал Гардена во северна Италија, а третото место со 0.54 секунди заостанување го освои Австријката Рамона Зибенхофер.

Штухец ги скина лигаментите во левото коло на тренинг пред стартот на минатата сезона, кога требаше да ја брани титулата од Светскиот куп во спуст.

Ова е првпат патеката Саслонг да биде домаќин на женскиот Светски куп откако повеќе години се смета за „класична“ трка на машкиот календар. Утре на програмата е супер-џи трка.

Scroll to Top