Се разделија Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо, така мораше да биде затоа што „Црвените ѓаволи“ по 17 кола во Премиер лигата го заземаат 6. место со само 26 бода, дури 19 помалку од лидерот Сити.
Сега веќе екс-тренерот на Јунајтед, Мурињо сега мора да се исели од хотелот „Ловри“ во Манчестер во кој помина 895 дена, од 6 јули 2016 година. Беше сместен во еден од шест луксузни апартмани со поглед на реката Ирвел. Дневен престој во еден од апартманите чини 668 евра, па Јунајтед ќе плати околу 600.000 евра.
Мурињо во Манчестер живееше сам, семејството остана во Лондон. Неговата ќерка е студентка на Универзитет за уметност, а син му е голман во младиот состав на Фулам.