Михаел Шумахер на 3 јануари 2019 година ќе наполни 50 години и тој ден во негова чест Ферари ќе отвори изложба.
Германскиот возач го управуваше болидот на италијанскиот тим од 1996 до 2006 година и за тој период освои 5 од вкупно седумте титули во Ф1 циркузот.
Во Ферари тоа не му го забораваат, па во Маранело ќе организираат постановка со најзначајните фотографии од кариерата на Шумахер.
„Михаел има посебно место во историјата на Ферари“ се неведува во соопштението од Ферари во врска со изложбата која ќе носи назив „Михаел 50“.
Шумахер на крајот на декември 2013 година по пад на скијање на француските Алпи доживеа тешка повреда на главата од која сеуште се опоравува.
Celebrating Michael's 50th. The @MuseoFerrari is dedicating a special exhibition to the legend, Michael Schumacher which will open on his birthday.
More details ➡️ https://t.co/zlmg4roivp#ForzaFerrari pic.twitter.com/FHgmFVygt1
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) December 18, 2018