Репрезентативниот голман на Унгарија, Роланд Миклер се чини не сака да ја грее клупата во тимот на Веспрем додека искусниот Арпад Штербик е меѓу стативите, па одличниот голман официјално се сели во најголемиот ривал, тимот на Пик Сегед.
Денеска стигна официјалната потврда на веста дека голманот по 5 сезони поминати во Веспрем, во јуни се сели во Сегедин. Таму Миклер ќе се бори за првотимскиот статус со довчерашниот колега на голот на Веспрем, Хрватот Мирко Алиловиќ кој на почетокот на сезоната направи трансфер.
Миклер со Веспрем освои 3 титули во првенството на Унгарија, 4 во Купот на Унгарија и 2 во СЕХА-лигата.
Погледнете дел од најдобрите одбрани на унгарскиот голман: