Во светот на фудбалот е чини нема помалерозен фудбалерот од Белгиецот, Винсен Компани. Играчот на Манчестер Сити кој голем дел од кариерата ја помина изолиран поради повреди, сега повторно се наоѓа во слична ситуација.
Манчестер Сити на пенали го елиминираше Лестер во четвртфиналето во Лига купот, но Белгиецот нема по добро да го памети тој дуел. Повторно се повреди, и тоа по 26. пат во кариерата, па по деталните прегледи ќе се знае колкава ќе биде паузата.
Сега Компани повторно му створи главоболка на менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола поради тоа што тимот поминува во можеби најбитниот период од сезоната и неопходни му се сите играчи.
Покрај Белгиецот, надвор од стројот на Гвардиола поради повреда се Данило, Давид Силва, Клаудио Браво, Бенџамин Менди и Мангала, а неодамна во тимот се вратија Кевин Де Брујне и Серхио Агуеро.