УФЦ ѕвездата Хабиб Нурмагомедов влезе во остра расправија со еден руски новинар, кој го праша дали тој ја претставува Русија или неговиот роден Дагестан.
Нурмагомедов е роден во јужната руска република Дагестан, а по етничка припадност е Авар и муслиман кој никогаш не го криел своето потекло, носејќи традиционална облека од Дагестан (популарната папаха капа).
„Секогаш ја претставувам Русија. Секогаш има руско знаме на екранот. Сите во САД кои не го знаат Дагестан, Чеченија или Кавказот ме викаат Русин. Странските УФЦ борци исто така. За нив ние сме една нација, ист народ. Важно е да не се делиме меѓу нас. А тука има такви луѓе како тебе. Кои ме прашуваат глупави прашања“, вели Нурмагомедов.
Во април, Нурмагомедов стана првиот руски УФЦ шампион откако го победи Ал Јакинта на УФЦ 223 во Њујорк, а потоа ја одбрани титулата со спектакуларна победа во четвртата рунда над Конор Мекгрегор, која беше во сенка по тепачката која ја предизвика по мечот поради провокацијата од Дилон Денис од аголот на Мекгрегор кој го нарече „муслиманско гомно“.