Top Sport

Де Лаурентис: Маурицио Сари е комунист, во парите гледа само зло

Контроверзниот газда на Наполи, Аурелио де Лаурентис во последното интервју за „Кориере дело мецоџорно“ го анализираше ликот на менаџерот на Челси, Маурицио Сари, кој своето име го направи токму на југот на Италија, опишувајќи го како комунист кому парите му се зло.

Сари не успеа да освои титула со Наполи и да ја скрши доминацијата на Јувентус, но затоа „партенопеи“ постојано беа најголеми конкуренти за висок пласман. Тој ги прифати предизвикот да го замени Антонио Конте во Челси, откако Де Лаурентис го смени со Карло Анчелоти.

Де Лаурентис сега нема многу високо мислење за него, опишувајќи го како комунист со кој било тешко да се комуницира.

„Сите беа против него. Кога го донесов, лепеа плакати низ Неапол против него, но потоа го засакаа и најтврдокорните критичари. Тој е индивудалец, човек кој работи напорно, како што порано работеле на полињата и страдаше кога доби отказ по шест натпревари. Потоа дојде од Серија Ц до Серија А и кога изгубивме од неговиот Емполи 4:2, знаев дека може да дојде кај нас“, го опишува Де Лауренти патот до Наполи.

Но, тој не бил лесен за соработка.

„Однадвор тој е блага личност, но сфатив дека е незадоволен од своето минато, бидејќи работеше во банкарството. Тој е комунист кој во парите гледа зло, а кога сте такви станувате неподносливи. Еднаш го прашав: ’Кого да купиме за колку пари?’ и тој ми одговори дека не сака да знае ништо за тоа“, додава Де Лаурентис.

Scroll to Top