Неодамна за српскиот репрезентативен фудбалер се нудеа вртоглави 100 милиони евра, неговиот газда во Лацио, Клаудио Лотито бараше и 150 милиони евра, но цената за трансфер на Србинот драстично падна.
Лотито до скоро самоуверено ги одбиваше понудите за Сергеј тврдејќи дека се мизерни. Сакаа во своите редови да го доведат Јувентус, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, а Милан понуди 100 милиони евра, за позајмица и понатамошен откуп на договорот.
Според последните информации од „Чизмата“, милански Интер сега понудил 50 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ за да го доведе на „Меаца“ во јануарскиот предоден рок, и тоа на барање на новиот спортски директор, Џузепе Марота, кој претходно го сакаше Србинот во Јувентус.