Барселона ја комплетираа позајмицата на Хеисон Мурилјо до крајот на сезоната од тимот на Валенсија, за што ќе платат 2 милиони евра и ќе го засилат нападот по новата повреда на Томас Вермален и на Самуел Умтити.
Бидејќи Марселино веќе не сметаше на Колумбиецот во првиот тим на Валенсија, тој доби дозвола да замине во Каталонија, и Барса сега има опција да го откупи договорот на Мурилјо на крајот на сезоната за 25 милиони евра.
Мурилјо пристигна во Валенсија од Интер во летото 2017 година на позајмица, за трансферот потоа да биде официјализиран за 13 милиони евра.
Тој беше стандарден првотимец минатата сезона, пред поради хернија да паузира три месеци, по што има само три настапи оваа сезона.
⚽️ #EnjoyMurillo
El primer dia de Murillo a Barcelona
?? pic.twitter.com/CDtq4eeBTG— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) December 20, 2018