Белгискиот репрезентативец, Ромелу Лукаку, добил неколку дневно отсуство, поради смртен случај во фамилијата. Лукаку оваа сезона игра под своите стандардни, поради што претходниот тренер, Жозе Мурињо, г пресели на клупата за резерви.
Со големо внимание се очекуваше епилогот околу неговиот статус кај новиот тренер, Оле Гунар Солскјер, но тоа ќе очека. Лукаку нема да биде во составот на Манчестер Јунајтед на натпреварите против Кардиф во Велс и на домашен терен против Хадерсфилд.
Оваа сезона Лукаку на 22 натпревари во сите натпреварувања има постигнато само шест гола.