Аргентинскиот гигант Бока јуниорс сериозно ја разгледува опцијата Жозе Мурињо да стане нов тренер на клубот, и се чека само Португалецот да даде согласност за преселба во Аргентина, тврди „ТНТ спортс“.
Мурињо, кој доби отказ од Манчестер јунајтед, неодамна му се јави на својот поранешен фудбалер од Интер, Нико Бурдисо да му честита на новата работа како директор на фудбал на Бока и Бурдисо го запрашал директно дали сака да дојде во Аргентина.
Бока остана без тренер по заминувањето на популарниот Гијермо Барос Скелото по поразот од Ривер Плата во финалето на Копа Либертадорес.
Од друга страна, Мурињо по заминувањето од Јунајтед најави дека ќе се врати во фудбалот и дека дотогаш сака да живее нормален живот. Доколку навистина се согласи да седне на клупата на Бока, дури тогаш почнуваат „лудостите“.