Екс-фудбалскиот дефанзивец од редовите на Барселона, Карлес Пујол најверојатно ќе заплива во тренерските води откако за неговите услуги интерес пројави тимот на Атланта јунајтед, во американската МЛС лига.
Според информациите, блиску е договорот и официјалната потврда за соработката меѓу Пујол и клубот.
Досегашен тренер на Атланта беше Герардо Мартинез, но тој доби отказ, па сега клубот е во потрага по нов стратег.
Останува да се види како одличниот фудбалер би се снашол во новиот предизвик.
? According to sources, Atlanta United’s #1 target for manager is Carles Puyol
Would the former Barcelona captain be a good fit for the defending champs? ⚫️? pic.twitter.com/A2fNAiICK7
— COPA90 US (@COPA90US) December 21, 2018