Екипата на Милан доживеа ново разочарување во Серија А и тоа на својот „Сан Сиро“. Пораз од тимот на Фиорентина со 0-1, со голот на Киеза во 73 минута. Прва гостинска победа за „Виолетовите“ оваа сезона против анемичните пулени на Џенаро Гатузо кои вистински и да не се заканија кон голот на Фиорентина.
Тесна домашна победа забележа тимот на Наполи против СПАЛ со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Раул Албиол во 45 минута од мечот. Со овие три бода Наполи му се доближи на лидерот во Серија А, Јувентус на само 5 бодови пред денешниот нивни дуел со Рома.
Тимот на Џенова на нашиот Горан Пандев (денеска не влезе во игра) забележа важна победа со 3-1 против Аталанта, на меч на кој гостите добија 2 црвени картони. Стрелец на два гола за домаќините беше Пиатек, во 45 и 89 минута, гол за Џенова постигна и Данко Лазовиќ во 67 минута, додека единствениот гол за гостите е дело на Запата од пенал.
На останатите попладневни дуели од ова коло во италијанското фудбалско првенство вистинска голеада имаше во Емполи, каде домаќинот доживеа пораз од Сампдорија со 2-4, а останатите два дуел кои започнаа од 15 часот завршија со поделба на пленот 1-1, Удинезе-Фрозиноне и Сасуоло-Торино.