Top Sport

Што му порачал Руни на Оле Гунар Солскјер?

Манчестер јунајтед првпат по последниот меч на Сер Алекс Фергусон постигнаа пет гола во еден меч во саботата во 5:1 триумфот на гости кај Кардиф и новиот преоден менаџер Оле Гунар Солскјер вели дека добил едноставен совет од најдобриот стрелец во историјата на клубот, Вејн Руни: „Бидете Манчестер јунајтед“.

По мечот, Солскјер вели дека имал мал разговор со Руни, во кој сегашниот напаѓач на Ди Си јунајтед му порачал да ја вратат напаѓачката „искра“ во тимот.

„Фудбалот е лесен кога имате добри фудбалери, а квалитетот на тимот е неверојатен. Јас пристигнав во средата навечер и имав само два дена со фудбалерите. Вејн Руни ми прати неколку СМС пораки и ми даде неколку совети, така што тоа мора да му се признае. Ми кажа дека треба да ги натерам да играат фудбал, да уживаат и да бидат Манчестер јунајтед. Ако пристапуваме кон секој меч како што направивме против Кардиф, јас ќе бидам задоволен“, открива Солскјер.

Scroll to Top