Top Sport

Јуве се фаворити за потписот на Ремзи

Јувентус станаа први фаворити за потписот на Арон Ремзи како слободен агент од Арсенал, откако Интер не биле подготвени да ги исполнат неговите побарувања за висока плата, тврди „Скај Италија“.

Велшкиот репрезентативец, кој следната недела ќе наполни 28 години, нема да добие нов договор од „топчиите“, и ќе биде слободен фудбалер на крајот на сезоната.

Според „Скај Италија“, Интер се откажале од можноста да го донесат Ремзи на „Сан Сиро“ бидејќи тој барал плата поголема од таа која ја добива капитенот на тимот Мауро Икарди. Пари Сен-Жермен останува друга опција, иако се верува дека Ремзи не е задоволен од таква опција.

Јувентус сигурно нема да се обидат да го купат Ремзи во јануари, но договор по крајот на сезоната е изгледен, велат италијанските извори.

Фото: ЕПА

Scroll to Top