Легендарниот Шкотланѓанец, Алекс Фергусон, ја одиграл клучната улога околу ангажирањето на Оле Гунар Солскјер за менаџер на Манчестер Јунајтед. Поранешниот играч на клубот од „Олд Трафорд“ го наследи Жозе Мурињо, кој минатата недела доби отказ.
Многумина беа изненадени што Јунајтед реши да му пружи шанса на Солскјер, но медиумите шпекулираат дека последниот збор го имал сер Алекс, кој ги убедил клупските челници дека Норвежанецот е вистинското решение.
На Островото се шпекулира дека со доаѓањето ан Солскјер и Фергусон ќе добие нова функција, односно дека сега Шкотланѓанецот ќе има многу повеќе простор да го советува Солскјер, бидејќи Мурињо не ја користел воопшто таа можност.
Солскјер со победа дебитираше на клупата на „црвените ѓаволи“. Во саботата, Манчестер Јунајтед славеа победа во Кардиф 5:1.