Top Sport

Кари им пресуди на Клиперс, невозможна тројка на Дончиќ (Видео)

Вкупно 11 натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, на шест од нив победи забележаа тимовите што играа пред своите навивачи.

Сакраменто Кингс забележаа победа над Њу Орлеанс Пеликанс 122:117. Триото на Кингс Бади Хилд, Вили Коли-Стајн и Богдан Богдановиќ успеа да го неутрализира учинокот на Џру Холидеј и Ентони Дејвис на спротивната страна.

Хилд постигна 28 поени, Коли-Стајн запиша дабл-дабл од 22 поени и 17 скока, двоен ефект имаше и дебитантот Диерон Фокс 19 поени и 11 скока, а Богдановиќ забележа 24 поени и седум скока.

Пеликаните ги предводеа Холидеј со 27 поени, седум скока и шест асистенции, односно Дејвис во 26 поени и 17 скока.

Лука Дончиќ постигна тројка од невозможна позиција на 0,6 секунди до крајот на мечот во Портланд, но во продолженијата Трејлбелзерс сепак забележаа победа 121:118.

Дончиќ натпреварот го заврши со 23 поени, 11 скока и шест асистенции, додека најефикасен кај Маверикс бил Херисон Барнс (28 поени).

Демијан Лилард со 33 и Си-Џеј Мекалум со 22 го предводеа Портланд, во чии редови дабл-дабл запишал Босанецот, Јусуф Нуркиќ (10 поени, 12 скока).

Голден стејт Вориорс, благодарение на тројката на Стеф Кари, постигната со звукот на сирената, избегнаа пораз од ЛА Клиперс 129:127. Кари натпреварот го завршил со 42 поени.

Кари против Клиперс погодил шест тројки и сега се наоѓа на петтото место на вечната листа на најдобрите шутери за три поени. Бекот на Вориорс досега има постигнато 2.247 тројки, пред него се уште Кајл Корвер (2.261), Џејсон Тери (2.282), Реџи Милер (2.560) и Реј Ален (2.973).

Покрај Кари брилијантен кај Вориорс бил и Кевин Дурент (35 поени, 12 скока, пет асистенции и три блокади).

Клипертс ги предводеле Тобијас Херис (32 поени), Данило Галинари (25 поени, 11 скока) и Лу Вилијамс (25 поени).

Резултати:

Детроит Пистонс-Атланта Хоукс 95:98
Индијана Пејсерс-Вашингтон Визардс 105:89
Бостон Селтикс-Шарлот Хорнетс 119:103
Бруклин Нетс-Феникс Санс 111:103
Кливленд Кавалаирс-Чикаго Булс 92:113
Орландо Меџик-Мајами Хит 91:115
Оклахома Тандер0Минесота Тимбервулвс 112:114
ЛА Лејкерс-Мемфис Гризлис 99:107.

Scroll to Top