Поранешниот тренер на Карпош Соколи, Драган Николиќ (46) до крајот на сезоната ќе го предводи тимот на Игокеа.
Во Лакташи, Николиќ пристигна од полскиот прволигаш Кошалин. Како тренер тој има искуство во АБА-лигата, бидејќи во минатото во регионалниот шампионат има играно со Металац од Ваљево и Карпош Соколи.
Гаги Николиќ е тренерот кој на Карпош Соколи има ја донесе засега единствената титула во Македонија. Во 2017 година „соколи“ го освоија Купот на Македонија, а истата година играа и во финалето на плеј-офот, кое во пет натпревари го загубија од МЗТ.
Игокеа, по 12 рунди во АБА-лигата се наоѓа во групата на тимови кои имаат по четири победи и осум порази.