Најдобриот фудбалер на ПСВ Ајндховен, Ирвинг Лосано е трансфер цел на Милан, објави во вторникот „Тутоспорт“. Лосано игра одлично оваа сезона, поради што холандскиот клуб бара најмалку 40 милиони евра.
Милан имаат финансиски проблеми, па преку познатиот менаџер Мино Рајола ќе се обидат да ја намалат сумата што треба да ја платат за Мексиканецот.
Лосано е крилен напаѓач, по потреба може да игра и како класичен шпиц. Тој играше добро и на Светското првенство во Русија, кога го привлече и вниманието на Барселона.