Според информациите во медиумите во Шпанија, српскиот фудбалски репрезентативец, Александар Коларов (33) би можел наскоро да го засили мадридски Атлетико.
Тренерот на тимот, Диего Симеоне на својот список со желби го има Србинот кој одлично би дошол на левата бековска позиција, пред се по најавите за заминување на дел од одбранбените играчи од тимот.
Фудбалерот од Гана, Томас Партеј изјави дека не е најсреќен во Атлетико, па постои можност Симеоне да го пушти фудбалерот во Рома, а за возврат „волчицата“ да ги засили со Коларов.
Коларов во Рома е од 2017 година, а договор со „волчицата“ му истекува во 2020.