Фановите му приредија убав пречек на Антоан Гризман во Уругвај, каде што францускиот репрезентативец пристигна за свадбата на капитенот на Атлетико Мадрид, Диего Годин.
Годин ќе се ожени во среда навечер и заедно со неговата идна сопруга Софија решија сите подароци на свадбата да ги донираат на локална болница во Уругвај.
Покрај Гризман на свадбата ќе бидат присутни и соиграчите Коке, Хуанфран, Сантијаго Ариас, Хозе Марија Хименез и поранешниот фудбалер на Атлетико, Диего Форлан. Според „Марка“, Годин им резервирал цел хотел на гостите.
За Гризман пак, Уругвај секогаш имал посебно место во срцето, поради соработката со повеќе уругвајски фудбалери во кариерата, и тој неколку пати изјави дека се чувствува „полу-Уругваец“.
Griezmann is about to arrive in Uruguay for Diego Godin’s wedding pic.twitter.com/JAt4vs800a
— Griezmann Chief (@Griezmannility) December 26, 2018
Уругвај во срцето! Гризман со посебни копачки за пријателскиот меч