Top Sport

Клоп: Предност од шест поени не значи апсолутно ништо

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп инсистира дека предност од шест поени на врвот на Премиер лигата не е вистинска причина за прослава, барајќи од своите фудбалери да останат фокусирани на својата задача.

По поразот на Манчестер сити од 2:1 од Лестер, Ливерпул стигна до 4:0 победа над Њукасл за да го пречекуваат големото дерби со Сити на 3 јануари како сигурни лидери по седумте победи во низа. Моментот е дефинитивно на страна на „црвените“, но Клоп вели дека не е одлучивачки.

„Шест поени пред Тотенхем и седум пред Манчестер сити не значат ништо. Следно играме со Арсенал и Сити. Убаво е што имаме предност, но тоа беше главната цел – да се направи добра база за тоа што сакаме да го направиме во остатокот од сезоната. Сега, првиот дел од сезоната е завршен. Сакаме да си направиме сами историја. Бројките се добри, ситуацијата е добра, но има уште 19 натпревари пред нас“, вели Клоп.

За Германецот ова беше 100. победа како тренер на Ливерпул во само 181 мечеви, со што е подобар од легендарните тренери Боб Пејсли и Бил Шенкли.

Фановите на Ливерпул реагираа бурно кога дознаа дека Сити загубија кај Лестер и Клоп се пошегува.

„Мислев дека викаат поради нас! Навистина сум наивен. Си помислив, убаво е што вака не поздравуваат, но потоа дознав дека се работи за другиот резултат. Никој очигледно не им кажа дека Тотенхем победи 5:0“, додава Клоп.

Фото: ЕПА

Солскјер со победа почна на „Олд Трафорд“, нов пораз на Сити, на 6 меча 22 гола (видео)

Scroll to Top