Калиду Кулибали, играчот на Наполи, се огласил на „Твитер“ по повод расистичките навреди што ги трпел за време на дербито со Интер на „Сан Сиро“ во Милано. Кулибали поради вториот жолт картон мечот го заврши во 81.минута.
Сенегалецот, кој неодамна го продолжи договорот со Наполи, напишал дека се гордее со своето потекло.
„Жалам поради поразот и поради тоа што ги оставив моите браќа. Но горд сум на бојата на кожата, горд сум што сум Французин, Сенегалец, Наполитанец и пред се што сум човек“, напишал 27-годишниот Кулибали.
Mi dispiace la sconfitta e sopratutto avere lasciato i miei fratelli!
Però sono orgoglioso del colore della mia pelle. Di essere francese, senegalese, napoletano: uomo.⚽ #InterNapoli 1-0
?? #KK26 #famiglia
? #ForzaNapoliSempre
?? #DifendoLaCittà pic.twitter.com/f9q0KYggcw— Koulibaly Kalidou (@kkoulibaly26) December 26, 2018
Инцидентот го осудил и тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, а неговите критики се насочени кон челниците на италијанскиот фудбал. Анчелоти се заканил дека доколку повторно се случи ваков инцидент, тој ќе го повлече тимот од теренот.
„Три пати побаравме мечот да биде прекинат поради расистичките скандирања. Не се чудам што Кулибали беше нервозен. Наредниот пат сами ќе го прекинеме натпреварот. Веројатно ќе бидеме поразени со службен резултат, но ние сме подготвени на нешто такво. Ова не е добро за италијанскиот фудбал“, рекол Анчелоти.
До крајот на мечот црвен картон доби и Лоренцо Инсиње.