На „Боксинг деј“, Еден Азар се запиша во историјата на Челси. Белгиецот стана шестиот играч во историјата на клубот што успеал да постигне преку 100 гола.
Азар, синоќа, ја режираше победата на Челси кај Вотфорд (2:1), тој ги постигна двата гола за својот тим, а со првиот што го постигна во 46 минута влезе во клупската историја.
„Да се постигнат 101 гол за овој неверојатен клуб, тоа нема никогаш да го заборавам. Сакам да постигнам уште повеќе, сакам да станам легенда како Френк Лампард, Дидие Дрогба, Џон Тери“, рекол Азар.
Белгиецот кој има одиграно 322 натпревари за Челси, изминатите неколку месеци се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. Наводно Реал ги понудиле Ковачиќ и Иско во замена за Азар.