Top Sport

Кој да штеди? Мејведер ја покажа скапата колекција на автомобили (видео)

Флојд Мејведер Јуниор е богат човек, и сака сите да го знаат тоа. Боксерот со прекар Мани (money) уште еднаш реши да се пофали со своето богатство, покажувајќи ја на Инстаграм својата колекција на автомобили.

Во неа се наоѓаат четири Ролс Ројса, Мерцедес Мајбах и Ферари, сите во црна боја со прикладна порака: „Сè во црно“. Најскапиот автомобил е Ролс Ројс Фантом од славната британска компанија со кожени седишта, круз-контрола, Ви-Фи и дијамантски покрив (кој треба да изгледа како ѕвездено небо).

Овој модел во основната варијанта во Британија чини 362.000 фунти, а сигурно Мејведер има набавено и „дополнителна“ опрема.

ШТО ИМА ВО ГАРАЖАТА НА ФЛОЈД

Rolls Royce Phantom

RR Wraith

RR Drophead

RR Dawn

Maybach

488 Ferrari

Scroll to Top