Top Sport

„ЕСПН“ открива, Солскјер само до јуни во Јунајтед, потоа доаѓа Алегри?!

Норвежанецот, Оле Гунар Солскјер најверојатно ќе биде привремено решение на тренерскатапозиција во Манчестер Јунајтед, а во јуни кормилар на „црвените ѓаволи“ ќе стане Италијанецот Масимилијано Алегри, тренер на Јувентус, објави спортската телевизија „ЕСПН“ потпирајќи се на свои извори.

Оттаму посочуваат дека челниците од „Олд Трафорд“ сметаат дека со името на Алегри ќе се реши болното место во клубот, а Италијанецот кој со Јуве освои четири двојни круни во Италија и играше две финалиња во ЛШ ќе може да ја врати старата слава на клубот.

Солскјер, кој е тренер на тимот на Молде, дојде на „Олд Трафорд“ како привремено решение по отказот на Жозе Мурињо кој константно бележеше слаби резултати со клубот. Јунајтед на Молде му плати отштета од 2 милиони поради заемот на Солскјер во Манчестер.

Scroll to Top