Top Sport

Повеќе луѓе го гледале Сандерленд во трета лига отколку Тотенхем на „Вембли“! (видео)

Верноста на англиските навивачи кон своите клубови е легендарна, а уште еден доказ покажаа навивачите на Сандерленд кои поставија нов рекорд за Лига 1 (третата лига) со 46.039 гледачи за мечот на „Боксинг деј“ против Бредфорд.

„Стадионот на светлото“ беше третиот најполн стадион во Англија во првото коло по Божиќ, и пред нив беа само Манчестер јунајтед (74.523) и Ливерпул (53.318), а иронично пред убедливите Тотенхем, кои имаа 45.154 гледачи на „Вембли“, стадион кој собира 80.000.

Претходниот рекорд за англиската трета лига го имаше Лидс, кој во мај 2008 година против Гилингем го гледаа 38.256 гледачи. Сандерленд, инаку, со 1:0 го победи Бредфорд и останува на добар пат да се врати во Чемшионшип – во моментов се на третото место на табелата со 46 поени, пет помалку од лидерот Портсмаут, но со два натпревари помалку.

Scroll to Top