Top Sport

Нова симултанка на Џејмс Харден (Видео)

Џејмс Харден одигра уште еден брилијантен меч, со 45 поени го предводеше Хјустон до победа над Бостон 127:113. „Брадата“ на последните десет натпревари има просек од 38,7 поени, 5,4 скока и 8,2 асистенции.

Харден против Бостон погоди девет тројки од 18 обиди, што е негов личен рекорд. На последните осум натпревари бекот на Хјустон постигнува најмалку 30 поени, а на последните шест постигнал 35 и повеќе поени, со што го израмни рекордот на Кармело Ентони.

Покрај Харден кај Хјустон се истканаа уште и Клинт Капела со 24 поени и 18 скока, односно Ерик Гордон со 20 поени. Бостон го предводеа Кајри Ирвинг со 23 поени и 11 асистенции, односно Маркус Морис со 19 поени.

Милвоки втор пат во изминатите три дена славеа победа над Њујорк. Јанис Адетокумбо со 31 поен, 14 скока, 8 асистенции и 3 блокади, односно Крис Мидлтон со 25 поени, 6 скока и 5 асистенции, го предводеа тимот до победата 112:96.

Бен Симонс забележа трипл-дабл (13 поени, 14 скока, 12 асистенции) во убедливата победа на Филаделфија над Јута со 114:97. Најефикасен кај Фила беше ветеранот Џеј-Џеј Редик со 24 поени, додека Џоел Ембид забележа 23 поени и 15 скока.

Scroll to Top