Top Sport

Јап Стам стана тренер во својот матичен клуб Цволе

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Лацио, Јап Стам се врати на тренерската клупа, откако неговиот поранешен клуб ПЕЦ Цволе го именуваше за менаџер, 9 месеци откако доби отказ од англискиот третолигаш Рединг.

46-годишниот поранешен дефанзивец ја започна кариерата со Цволе, а по крајот на кариерата накратко беше преоден тренер и асистент. Цволе го отпушти тренерот Џон Ван Т’Шип по 5:0 поразот од АЗ Алкмар.

Стам освои една титула од Лигата на шампионите, три од Премиер лигата и еден од ФА купот во три сезони на „Олд Трафорд“ пред да влезе во конфликт со Сер Алекс Фергусон и да биде продаден на Лацио во 2001 година. Во 2017 година ги предводеше Рединг до плеј-оф за влез во втората лига, пред да биде отпуштен.

Scroll to Top