Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ќе игра со Јужноафриканецот Кевин Андерсон во саботното финале на егзибицискиот Мубадала шампионат во Абу Даби, откако Србинот лесно го победи Карен Хачанов, а Андерсон во три сета го шокираше Рафа Надал.
Андерсон, кој е актуелен шампион на турнирот со 4:6/6:3/6:4 го шокираше Надал, откако го загуби интересниот прв сет. По шест гема во кои двајцата тенисери останаа на сервис, следуваа три брејка и Надал го освои сетот. Во вториот, Андерсон направи еден брејк во шестиот гем за да израмни, пред во третиот сет да има интересна борба во која Јужноафриканецот со два брејка стигна до победата.
Ѓоковиќ немаше вакви проблеми и по само час и 4 минути игра со 6:4/6:2 го совлада најталентираниот руски тенисер и му се одмазди за поразот во финалето на Мастерсот во Париз.
Претходно, Кореецот Хјеон Чунг го победи Доминик Тим со 6:2/6:3 за да го освои петтото место на богатиот турнир.
Фото: ЕПА