Top Sport

Сари: Време е Азар да ја донесе одлуката

Еден Азар, во средата, се запиша во историјата на Челси. Белгиецот против Вотфорд постигна два гола, со кои стигна до бројката од 101 гол во синиот дрес. Азар е еден од десетмината играчи на Челси што ја минал границата од 100 гола.

По тој натпревар, Азар изјавил дека сака да стане клупска легенда кави што се Џон Тери, Френк Лампард и Дидие Дрогба.

Азар подолго време се поврзува со трансфер во Реал, а самиот тој не крие дека има голема желба да игра за овој клуб. Договорот на Белгиецот со Челси истекува во јуни 2020 година, а преговорите околу неговото продолжување стојат на „мртва точка“.

Поради тоа менаџерот на „сините“ Маурицио Сари сака што поскоро да се реши ситуацијата со Азар.

„Не знам дали Азар ќе остане, но време е да се изјасни. Јас немам моќ да го задржам. јас сум тренер, не сум претседател. Не сум задолжен за тие работи. Со него сакам да разговарам само за она што го играме на теренот“, рекол Сари.

Азар сезонава има учинок од девет гола и две асистенции на десет одиграни натпревари во Премиер лигата.

Scroll to Top