Лука Дончиќ имам 19 години, а Американците веќе започнаа да го споредуваат со НБА легендите. Словенецот одигра брилијантен меч против Њу Орлеанс Пеликанс. Тој постави личен рекорд од 34 поени, но сепак не успеа да го однесе Далас до победата.
Американците издвоија еден момент, во кој Дончиќ потсетува на Коби Брајант. Со неколку дриблинзи го „полуде“ Џру Холидеј, а потоа погоди со звукот на сиренета.
Luka went Kobe on this play. pic.twitter.com/jlBmTEPipU
— Bleacher Report (@BleacherReport) December 29, 2018
Дончиќ против себе го имаше најдобриот центар во лигата Ентони Дејвис кој во победата 114:112 забележа 48 поени и 17 скока.
А Лука Дончиќ, на овој натпревар стана најмладиот играч во лигата кој постигнал седум тројки на еден натпревар.