Top Sport

Пулишиќ на чекор до Ливерпул

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјавил дека не е сигурен дека клубот ќе носи засилувања во јануарскиот преоден рок, иако англиските медиуми шпекулираат дека „црвените“ сигурно ќе донесат барем еден играч.

Изјавата на Клоп дека клубот нема да купува во јануари, според медиумите има за цел да ги „измами“ ривалските клубови. Тие шпекулираат дека Ливерпул деновиве ќе се обиде да го обезбеди потписот на Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд.

Клоп и Ливерпул, наводно биле подготвени да понудата за репрезентативецот на САД сума од 45 милиони фунти, а се претпоставува дека во Дортмунд би прифатиле понуда од 50 милиони.

Инаку за Пулишиќ се заинтересирани и Баерн Минхен, односно Арсенал.

Scroll to Top