На „Енфилд“ стадионот во Ливерпул, во тек е дерби пресметката помеѓу домашниот тим и Арсенал. По првиот дел Ливерпул води 4:1.
По 32.минути игра Ливерпул имаше предност од 3:1. Луди 15 минути понудија двата тима. Најпрвин Мејтланд-Најлс погоди во 11.минута за предност на Арсенал.
Следуваше блиц-криг во режија на Роберто Фирмино. Бразилецот постигна два гола во 14. и 15.минута. Третиот гол е дел на тимска акција во 32.минута, а егзекутор беше Мане.
Перфектното прво полувреме го комплетираше Салах во 45.минута од пенал.