Top Sport

Наполи се мачеше со Болоња (Видео)

Наполи, без Кулибали и Инсиње, по голема борба во 19.коло успеа да ја совлада Болоња со 3:2. Победата на Наполи му ја донесоа двојниот стрелец Милик и Мертенс. Белгиецот решавачкиот гол го постигна во 88.минута.

Милик го постигна првиот гол во 16.минута, а до крајот на полувремето израмни Сантандер.

Ново водство на Наполи му донесе Милик со својот втор гол вo 51.минута, а втор пат Болоња израмни во 80.минута преку Данило.

Дилемите околу победникот ги реши Мертенс на две минути до истекот на регуларното време.

Наполи првиот дел го заврши на второто место со 44 бода, девет помалку од лидерот Јувентус.

Scroll to Top