Четворица играчи ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата. Џејмс Харден (Хјустон), Џамал Мареј (Денвер), Демијан Лилард (Портланд) и Кемба Вокер (Шарлот) постигнаа преку 40 поени за своите тимови.
Њу Орлеанс Пеликанс немаа решение за расположениот Харден и неговите Хјустон Рокитс. „Брадата“ со 41 поен ги предводеше „ракетите“ до 20. победа во сезоната. Воедно Харден го израмни рекордот на легендарниот Мајкл Џордан.
Станува збир за низа од седум последовни натпревари на кои постигнал најмалку 35 поени. Исто така ова е деветтиот меч во низа на кој Харден постигнал најмалку 30 поени.
Голден стејт Вориорс им се реваншираа на Портланд Трејлблејзерс за неодамнешниот пораз. Вориорс славеа со 115:105, благодарение на 32. поени на Клеј Томпсон, додека по 25 поени реализираа Кевин Дурент и Стеф Кари.
На спротивната страна брилијантен натпревар одигра Демијан Лилар кој го заврши со 40 поени.
Џамал Мареј, ја игра најдобрата сезона во кариерата. Мареј ги предводеше Денвер Нагетс до тесна победа над Феникс Санс 122:118. Мареј забележа 46 поени, осум скока и шест асистенции. Во чекор го следеше Никола Јокиќ со 23 поени, девет асистенции и осум скока.
Кај Феникс најдобриот меч во кратката НБА кариера го одигра првиот пик на драфтот Диандре Ејтон со 33 поени и 14 скока.
Учинокот на Кемба Вокер не им беше доволен на Шарлот Хорнетс да победат кај Вашингтон Визардс. Вокер во поразот на Шарлот 130:126 постигна 47 поени.
Резултати:
Милвоки-Бруклин 129:115
Атланта-Кливленд 111:108
Мемфис-Бостон 103:112
Јута-Њујорк 129:97
ЛА Лејкерс-Сан Антонио 111:122