Роџер Федерер на импресивен начин ја започна новата сезона. Легендарниот Швајцарец, на Хопман купот го декласира Британецот Камерон Нори.
Во првиот меч од дуелот помеѓу Швајцарија и Велика Британија, Федерер на Нори му препушти само два гема (6:1, 6:1).
Федерер ги добил првите пет гема, потоа Нори успеал да се запише на семафорот, а Швајцарецот во седмиот гем го заклучил првиот сет. По слично сценарио се одвивал и вториот сет, во кој Нори повторно освоил само еден гем.
Хопман куп е егзибициски турнир што традиционално се одржува во Перт и тенисерките и тенисерите го користат како подготовка за Австралијан опен.