Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ги отфрлил шпекулациите дека е еден од кандидатите за тренер на Манчестер Јунајтед во наредната сезона.
Челниците на клубот од „Олд Трафорд“ го назначија Оле Гунар Солскјер за нов тренер, откако Жозе Мурињо доби отказ. Соскјер треба да е само преодно решение, односно да го води тимот до завршувањето на сезоната.
Изминатите денови англискиот печат шпекулира дека Маурицио Покетино, Зинедин Зидан или Масимилајно Алегри од наредната сезона ќе ги водат „црвените ѓаволи“.
„Имам договор со Јувентус уште 18 месеци, Убаво ми е тука, се бориме за некои важни работи. Сега сме декември, рано е да се говори за било што. До јуни треба да одиграме уште многу натпреври“, рекол Алегри.