Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусиљо, изјавил дека клубот има целосна доверба во работата на тренерот Лучано Спалети и дека никој не размислува евентуално да го ангажираат Жозе Мурињо.
Мурињо неодамна доби отказ во Манчестер Јунајтед, по што медиумите започнаа со лицитацијата кој ќе биде клубот што ќе му понуди работа.
Интер со Мурињо во 2010 година ја освои тројната круна.
„Мурињо не е сенка за него секогаш ќе се говори. Не ме изненадува што го поврзуваат со нашиот клуб. Ние се трудиме да работиме традиционално. Имаме проект што го започнавме пред 18 месеци со Спалети и тој ќе остане на тоа место уште многу години. Во целост му веруваме на Спалети“, рекол Аусиљо.
Интер, во моментов се наоѓа на третото место во Серија А со 39 бода, 14 помалку од лидерот Јувентуси и пет помалку од Наполи.