Top Sport

Јунајтед го растури Борнмут за крај на годината (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа во дуелот со Бортнут 4:1 во последниот меч што се одигра во Премиер лигата оваа година. „Црвените ѓаволи“ ја забележаа третата победа под водство на новиот тренер Оле Гунар Солскјер. На последните три натпревари Јунајтед имаат гол разлика 12:3.

Манчестер Јунајтед против Борнмут до победата го предводеше Пол Погба, кој игра како препороден под водство на новиот менаџер.

„Што се смени. Па сега играме напаѓачки фудбал“, рекол Погба по натпреварот во кој постигна два гола.

Јунајтед по само пет минути игра кога минијатурата на Рашфорд во гол ја претвори Погба. Истиот игра во 33.минута ја зголеми предноста на Јунајтед, а на истекот на првиот дел добрата игра со гол ја зачини и Рашфорд. Сепак на полувремето беше 3:1 бидејќи Аке погоди за Борнмут.

Во второто полувреме се случија само два моменти голот на Лукаку за 4:1 и исклучувањето на Баи во 79.минута.

Јунајтед годината ја заврши на шестото место на табелата но сега со три бода помалку од Арсенал.

Scroll to Top