Top Sport

Јувентус ја одредиле цената за Пјаниќ

Челниците на италијанскиот шампион Јувентус биле подготвени да ги продадат Миралем Пјаниќ и Сами Кедира. Целта на Јуве е да собера пари за да го донесат во Торино играчот на Реал Мадрид Иско.

Јувентус биле подготвени да го пуштат Пјаниќ за сума од 70 милиони евра, додека за Кедира би била добра и понуда од 20 милиони евра.

Иско има договор со Реал до 2022 година и откупна клаузула од 700 милиони евра. Јасно е дека оваа сума никој не сака да ја плати, поради што се шпекулира дека 100 милиони евра за шпанскиот репрезентативец ќе ги задоволат апетитите на Флорентино Перез.

За Пјаниќ и во претходниот преоде рок интерес покажуваа Манчестер Јунајтед, Барселона и Реал, прашање е само каде ќе заврши.

Scroll to Top