Top Sport

Погба „процвета“ откако Мурињо замина

Манчестер Јунајтед со Мурињо и со Солскјер се два различни тима. Напаѓачкиот фудбал што го форсира Солскјер им „легна“ на фудбалерите, а промената најмногу се чувствува кај Пол Погба.

Најскапиот играч во историјата на Манчестер Јунајтед има луди статистички бројки од заминувањето на Мурињо.

Кај Мурињо, Погба на 14 натпревари забележал три гола и две асистенции, додека кај Солскјер има учинок од четири гола и исто толку асистенции на само три натпревари. Јунајтед во победите над Кардиф, Хадерсфилд и Борнмут постигнаа 12 гола, што значи дека Погба бил вклучен во постигнувањето на осум од нив.

Scroll to Top