И покрај шпекулациите дека Арсенал сака да го прати на позајмица во јануари, Месут Озил планира да остане на „Емирати“ и да се бори за местото во првиот тим по проблематичната прва половина од сезоната.
Под Унаи Емери, Озил не добива често шанса да го покаже својот талент, а тука беше и долгата пауза поради повредата на грбот (за која се шпекулираше дека е влошена поради неговата страст кон видео-игрите).
Германецот планира да ги одбие сите понуди за позајмица бидејќи сака да се врати во првиот тим по многубројните критики за неговата форма и мотивација. Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид потпиша нов договор со Арсенал минатиот јануари, со кој заработува 350.000 фунти неделно, плата која досега не ја оправда оваа сезона.
Фото: ЕПА