Лука Модриќ тешко дека ќе ја повтори минатата година според успесите, откако доминираше во сите можни индивидуални награди.
Модриќ по третпат едноподруго стана шампион од Лигата на шампионите со Реал Мадрид, со Хрватска стигна до финалето на Светското првенство, по што ја освои „Златната топка“ на СП во Русија, „Балон Д’Ор“, како и наградата на ФИФА за најдобар фудбалер на светот.
Токму затоа, не чуди што тој се пофали на Инстаграм со фотографија со своите трофеи и со порака: „Каква година. Најдобрите работи никогаш не доаѓаат лесно“.