Мохамед Салах реши да му ја честита на Дејан Ловрен Новата Година со СМС-порака, но и во исто време да добие инфо кога е следниот тренинг на Ливерпул!
Додека фудбалерите од другите европски лиги се некаде на топло или на снег на одмор, англиските клубови го имаат најнапорниот календар со натпревари во текот на божиќните и новогодишните празници.
Ловрен реши да го објави разговорот со Египќанецот, кој прво му го честита празникот со поздравот „брате“, за потоа потајно да праша дали денешниот тренер на распоредот е во 15.30 часот. Ловрен ги праша своите следбеници на Инстаграм: „Имате ли и вие вакви другари?“.