Поранешната НХЛ ѕвезда, Олег Саприкин заглави во затвор откако ја нокаутираше стјуардесата и примора итно слетување на еден лет во Русија откако не му дале виски!
37-годишниот Саприкин, кој играше за Калгари флејмс, Феникс којотс и Отава сенаторс во НХЛ, се налутил откако на летот од Сочи до Москва, стјуардесата не сакала да му дотури виски, по што станал и ја нокаутирал. Летот бил пренасочен кон Воронеж, каде што морал да слета.
„Откако патникот ја нападнал стјуардесата и ја кутнал на подот, пилотот решил да го прекине летот. Кога алкохолизираниот патник завршил зад решетки, летот продолжил за Москва“, се вели во веста од руската новинска агенција „Интерфакс“.
И покрај ова, стјуардесата решила да не го тужи Саприкин, што значи дека хокеарот не бил обвинет со хулиганизам и ќе помине со мала парична казна.